Четириесет и шестгодишниот Горан Т. од селото Ливадица близу градот Велика Планавлетал во средно училиште и отворил оган од автоматска пушка.
Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, мажот на двапати пукал од оружјето, а се наведува дека нема повредени лица.
На социјалните мрежи по пукањето се појави фотографија за која се претпоставува дека настанала во средното Економско-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ во градот Велика Плана.
На фотографијата која е објавена со коментар „пукотница моментално се случи во моето училиште“, се гледаат ученици како стојат во дворот на училиштето.
За среќа повредени нема, а напаѓачот бил совладан од професор од средното училиште.
Како што неофицијално се дознава, Горан наводно кај себе имал и рачна бомба, пиштол и експлозив тротил. Според неофицијални информации станува збор за лице кое има психички проблеми.
Полицијата е на местото на инцидентот.