Србинки, Хрватица, Црногорка и три Македонки – уловени за проституција

Полицајци од Тетово и Скопје вчера ловеле и уловиле проституција во гостиварското село Добридол.

Затекнале осум жени, пет од странство и три од земјава, сите ги привеле под сомнение дека посредувале во вршење проституција.

„На 21/22.12.2019 во периодот од 23.00 до 03.20 часот спроведена е акциска контрола во која учествувале полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР. Притоа, била извршена контрола во угостителски објект во с.Добридол,  гостиварско, како и претрес во куќата на сопственикот Н.Р.(50), при што во објектот и куќата биле затекнати осум женски лица, од кои пет странски државјанки (три од Р.Србија, една од Р.Црна Гора и една од Р.Хрватска), на возраст од 20 до 31 година, како  и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години. Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело „посредување во вршење проституција“, казниво по чл.191 од КЗ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.