Србите „потопени“ во Москва

Во пријателски фудбалски натпревар пред 24.000 гледачи во Москва, Русија ја совлада Србија со 4:0.

Избраниците на Писки Стојковиќ доживеаја дебакл во „ВТБ Арената“, а сѐ им тргна наопаку откако во 21. минута беше исклучен Милан Гајиќ, а досудениот пенал во гол го претвори Антон Миранчук. На 2:0 зголеми Максим Осипенко (32), а во вториот дел Алексеј Миранчук (55) и Иван Сергеев (90+1) ги поставија конечните 4:0.

Србите сепак добро и минаа бидејќи во последните минути Русите ги погодија стативата и гредата.

На 25-ти март српската селекција ќе му гостува на Кипар.

Црногорците, пак, ја победија Белорусија со 2:0 во Анталија со головите на Адам Марушиќ (27) и Никола Крстовиќ (45).

Црна Гора на подготовките во Анталија на 25-ти март ќе се сретне со селекцијата на Македонија.