Србите сакаат референдум за Косово

Мнозинството граѓани во Србија сакаат статусот на Косово да биде решен преку референдум, а исто така се против влезот на Србија во ЕУ да биде поврзан со признавањето на КиМ, покажува анкетата спроведена од агенцијата „Фактор Плус. Истражувањето било спроведено од 1 до 6 јули, во кое учествувале 1.200 испитаници од централна Србија.

На евентуалното референдумско прашање „дали би прифатиле Косово да добие место во ОН за да Србија се приклучи кон ЕУ, дури 59 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 22 проценти од испитаниците би прифатиле, а 19 проценти немале мислење за ова.

На евентуално референдумско прашање за статусот на Косово, според кое само северниот дел на КиМ да остане во Србија „против“ биле 44 отсто, а 32 проценти „за“, додека 24 проценти немаат мислење.

На прашањето каков став имаат за референдумот кога станува збор за конелниот статус на КиМ, дури 61 отсто од испитаниците изјавиле дека тоа е единствениот начин народот да се изјасни и целосно го поддржува неговото одржување, 12 отсто го одобруваат, но мислам дека резултатот нема да биде почитувана, 14 отсто велат дека тоа е префрлање на одговорност на граѓаните, а 11 дека нема потреба за тоа.