Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека е важно Србите да преземат дел од одговорностите за управување со институциите, како и да учествуваат во власта.
„На состанокот претставникот на Србите на Косово и Метохија и претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ, договорено е Србите да влезат во приштинските институции и да учествуваат во власта на Косово“, изјави Ѓуриќ, кој наведе дека на состанокот со премиерот на Србија е постигнат договор за единство и единствен политички настап на сите српски пратеници на листата.
Ѓуриќ додаде и дека е важно Србите да преземат дел од одговорностите со управувањето на институциите и да учествуваат во власта. Тој на конференцијата за новинарите, по состанокот, рече дека е во интерес за Србите заедно да настапат и учествуваат во политичкиот процес во покраината поради јакнење на интересите на српската заедница.