Српските граѓани во повеќекилометарска колона и денеска чекаат пред институтот Торлак во Србија заради правење ПЦР тест за коронавирусот.
Не станува збор за некакво ново потенцијално жариште, туку за желба да се замине на летување во Црна Гора.
Според информациите, дел од граѓаните уште пред 5 часот наутро се собрале пред институтот со цел да можат побргу да го направат тестот.
Црна Гора на 15-ти Август ја отвори границата со Србија. За влез во Црна Гора и пристап до плажите на туристичките центри, српските граѓани треба да исполнат три услови:
- Да имаат негативен резултат на ПЦР тест на новиот коронавирус или позитивен резултат на анти-тела на коронавирусот од класата IgG добиен со ELISA серолошкиот тест.
- Тестовите да се издадени од регистрирана лабораторија и да не се постари од 72 часа од моментот на влез во Црна Гора.
- Во период од 15 дена пред влезот во Црна Гора да не престојувале во некоја од државите од кои не е дозволен влез во Црна Гора