Србов: Невладините на Сорос пред избори добиваат нови грантови

Граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“ денеска ја поздрави иницијативата на Конгресмените од САД во која се заинтересираа за активностите на Американскиот амбасадор Џес Бејли и поведоа истрага за неговата пристрасност.

-Благодарни сме за истрагата која што ја отпочна Конгресот од САД за амбасадорот Џес Бејли, и за тоа како амбасадата функционирала и како работела во овие четири години, коишто беа и најударни во политичката криза во Македонија, истакна Никола Србов во студиото на ТВ Нова.

Тој смета дека не е проблемот во тоа што на власт во САД дојдоа Републиканците, а Бејли тука поддржува левичарска партија и движење, проблемот е што воопшто поддржува некого.

-Проблемот е што Џес Бејли воопшто поддржува некого, тој треба да биде неутрална личност која ќе ги набљудува состојбите во државава и ќе ги пренесува во неговата држава, но наместо тоа кај нас има друга ситуација во која тој застанува позади целата кампања на СДСМ, посебно во последниве две години, посочи Србов.

Тој додаде дека се надева на уште изјави од американски конгресмени и нивни написи, текстови во кој бараат спроведување на истрага во врска со Џес Бејли, но тоа да не застане во место, туку навистина да  се разреши ситуацијата во Република Македонија.