Книгата „Срцето е тупаница“ од младата норвешка авторка Ингрид Уведие Волден излезе од печат во издание на Издaвачкиот центар ТРИ.
Книгата е дел од новата едиција „Магични приказни“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Делото ја донесува приказната за една детска, чиста љубов меѓу двајца млади која станува пример за победата на стравот од другите.
Се се случува кога еден ден учениците добиваат необична задача – секој да подготви проект за еден орган од телото. Во потрага по информации, новото молчаливо девојче во одделението, Алине, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира срцето – големо колку тупаница, но толку моќно. Оливер го избира окото, органот кој го снима филмот на нашите животи. Од тие нивни средби се раѓа невината детско-младешка љубов. Но, дали ќе може да продолжи кога таткото ќе оздрави, а задачата ќе биде завршена?
Ингрид Уведие Волден се етаблира како еден од најважните гласови во норвешката литература за деца и млади со овој роман за првата, детски чиста љубов. Прв нејзин роман за деца и млади е „Се’што е важно“, во 2016 година, со кој е номинирана за најдобар дебитант од Министерството за култура на Норвешка, стои во соопштението од Издавачкиот центар ТРИ.