
Претседателот на ДИК денеска направи огромен преседан, излезе со личен став претставувајќи го како став на целата изборна комисија. Ова е рекацијата на Сашо Срцев од ДИК.
Членовите на Државната изборна комисија сметаат дека има основа за оддржување на фер, транспарентни и демократски избори.
Со тоа ја узурпираше целата комисија и постапи спротивно на сите законски норми. Одговорно тврдам комисијата ниту раправала, ниту донела заклучок како што презентираше денеска Чичаковски. Напротив комисијата има извонредна соработка , меѓу институционална со сите институции во државата и сметаме и личен мој став е дека имаме капацитет и можности за да ги спроведеме предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година како што стои и во изборниот законик бидејќи тој рок е озаконет во изборниот законик, вели тој.