![IMG_7058](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/IMG_7058.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Во Собранието на Република Македонија во понеделникот пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, се сретна со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Дукс.
Груби и унгарскиот амбасадор разговараа за состојбата во Македонија и во регионот, интегративниот процес во НАТО и ЕУ, спорот за името, јазичната еднаквост и системските реформи.
Амбасадорот Дукс ја нагласи силната поддршка на Унгарија за интегрирање во НАТО и ЕУ.
Пратеникот Груби го запозна Амбасадорот Дукс дека Комисијата, со поддршка на сите 26 членови и заменици, едногласно ја усвои Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.
Оваа Декларација е обврска од Пржинскиот договор и целосната поддршка од страна на сите пратеници е големо постигнување и посветување кон реформите.
Груби нагласи дека овој процес ќе го води на транспарентен, сеопфатен начин, во партнерство со меѓународната заедница и цивилното општество.
Пратеникот Груби и амбасадорот Дукс, исто така, разговараа и за јазичната еднаквост, додека Груби ги нагласи очекувањата дека Законот за јазикот да се усвои во Собранието што поскоро.