![vlada_severna-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/vlada_severna-1.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Владата, одлучи да потроши 7.658 евра на апетисани, со тоа што за килограм ф’стак плаќа скоро 15 евра, со барање ф’стакот да е прва класа, печен во јатка, да биде солен и пакуван во најлонска ПВЦ амбалажа.
Во оваа набавка на Владата покрај ф’стаците, влегуваат и бадемите кои исто така треба да се прва класа, нелупени, печени, солени и спакувани во најлонска ПВЦ амбалажа, потоа лешниците кои треба да се без лушпа, печени и непечени. Индиските ореви исто така треба да се прва класа, печени и солени, како и црвени кикирики прва класа, без лушпа и непечени.
Во втората набавка, Владата ќе потроши скоро 29 илјади евра на свежо пилешко месо односно на пилиња, пилешки стек, копани со надкопан и мисиркин копан.
Во третата набавка, Владата планира да потроши 2.868 евра на набавка и монтажа на венецијанер ролетни и вариолајт завеси. Склучените договори се рамковни