Средба Ахмети – Бејли: Време е за реализација на реформите

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети оствари средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, при што се разменети мислења за актуелната постизборна состојба во земјата, системските реформи и евроатлантската интеграција на земјата, инфромираа во четвртокот од партијата.

Ахмети нагласил дека ДУИ е целосно определена да ги поддржи и предводи реформите во судството, системските реформи заедно со владеењето на правото и проценил дека сите енергии треба да се фокусираат во оваа насока, сега по завршувањето на изборите.

Ахмети и Бејли разговарале  и за патот на Македонија кон НАТО и ЕУ, со што, како што истакнал лидерот на ДУИ, односите со Атина и Софија добиваат „многу конструктивна димензија и соработка“ во духот на надминување на пречките и споровите.