
ЕУ интеграциите, хармонизација на домашната законска регулатива со европското законодавство, декарбонизација и зелена транзиција, биле главни теми на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и евроамбасадорот Дејвид Гир.

– Поддршката од Делегацијата на ЕУ за работата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е од исклучително значење, особено во делот на стратешко искористување на расположливите ЕУ фондови. Градењето на нови и модернизација на постојните енергетски капацитети се наши заеднички цели во исполнување на барањата на ЕУ за одржлив развој, односно поголема енергетска ефикасност, зголемување на капацитетот на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.