Средба Димитриев-Петир: Демократско право е граѓаните да одлучуваат на фер и кредибилни избори

Средба Димитриев-Петир: Демократско право е граѓаните да одлучуваат на фер и кредибилни избори
Средба Димитриев-Петир: Демократско право е граѓаните да одлучуваат на фер и кредибилни избори
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со Маријана Петир, пратеник во Европскиот Парламент.

На средбата стана збор за европските интеграции на Република Македонија, реформите кои се спроведуваат и актуелните политички состојби во земјата.

Соговорниците ја истакнаа заложбата и потребата од интеграција на Република Македонија во Европската Унија, информираат од Владата.

Sredba

Димитриев ја истакна посветеноста на Владата за реализација на реформите кои се од интерес за унапредување на стандардите значајни за европските интеграции. Тој истакна и благодарност до Европскиот Парламент за поддршката која се овозможува за нашата земја и за соработката во спроведувањето на реформите. Димитриев истакна и благодарност за придонесот во реализацијата на македонските стратешки определби до групата на пријатели на Македонија во Европскиот Парламент, чиј претседател е Петир.

Европратеникот Петир истакна дека соработката на двете страни ќе продолжи и во идниот период на сите полиња од интерес за реализација на реформите и стратешките цели на Република Македонија.

Sredba1

На средбата се разговараше и за актуелната политичка состојба во земјата при што беше истакнато дека врвно демократско право и начело е граѓаните да одлучуваат на фер, кредибилни и демократски избори кон кои што Владата за спроведување на изборите е посветена согласно законските ингеренции и надлежности.

Соговорниците разговараа и за реформите и проектите кои се спроведуваат во областа на економијата и земјоделството чија основна цел е обезбедување на економски раст и нови вработувања за населението.

Двете страни истакнаа дека и во следниот период Република Македонија и Европскиот Парламент ќе продолжат со соработката во сите сфери од взаемен интерес.