Средба Ердоган – Груевски: На патот кон Европа во Турција имате пријател

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На средбата двајцата соговорници ги констатираа добрите политички и економски односи, како и можностите за искористување на расположливите потенцијали.

Претседателот Ердоган изрази задоволство од посетата на македонскиот премиер и посочи дека ја поддржува Македонија и нејзините евроатлански апсирации.

– На тој пат во Турција можете да најдете пријател, изјави Ердоган.

Премиерот Груевски го запозна претседателот Ердоган со реформите и чекорите кои се преземаат на економски план, и притоа укажа на тоа дека се залага за динамизирање на економската соработка меѓу двете земји.

sredba

Премиерот Груевски го информираше Ердоган за целта на посетата која е економско политичка. Тој истакна дека турските компании се добредојдени во Македонија, а оние кои се решија да инвестираат имаат позитивно искуство од условите за инвестирање. Премиерот Груевски изрази надеж за продолжување и продлабочување на пријателството и соработката во повеќе сфери од заеднички интерес.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изрази задоволство од посетата на македонскиот Премиер. Тој посочи дека ја поддржува Македонија и нејзините евроатлански апсирации. На тој пат во Турција можете да најдете пријател, изјави Ердоган.

sredba-1

Соговорниците разменија мислења за повеќе регионални прашања, како и искуства од реформите во повеќе области како што е образованието, здравството, градежништвото.