![IMG_7592](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/IMG_7592.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, како претседател Kомисијата за европски прашања на Собраниeтo ,во петокот се сретна со норвешкиот амбасадор во Македонија, Арне Санес Бјорнстанд, при што беа разменети мислења за политичката состојба, поддршката на Комисијата за европски прашања, патот кон системските реформи, како и членството на земјата во НАТО и ЕУ.
Амбасадорот Бјорнстанд изрази подготвеност да помогне во работата на собраниската комисија која ќе ги разгледува реформските проекти и го поздравува консензуалниот начин на постапување во рамките на ова собраниско тело, особено едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.
Пратеникот Груби побара од амбасадорот Бјорнстанд да помогне, преку неговиот сограѓанин генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интензивирање на интегративниот процес во НАТО за да се разгледа рокот и условената покана од Северноатланскиот сојуз.
Груби, исто така, го запозна амбасадорот за текот на работите во Собранието, динамиката за донесување на законот за употреба на јазиците, исто така изрази поддршка за потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија.