Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски и Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, која доаѓа на негово барање.
Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
Францускиот амбасадор истакна дека она што и го посакува на Македонија е воспоставување на стабилност со цел придвижување на работите нанапред и надминување на постојната ситуација.
Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека партијата имаше обид во рок од 20 дена да формира Влада, иако од самиот почеток ни беше јасно дека со така тесното мнозинство формирањето на Влада во Македонија ќе биде сериозен предизвик, сепак и покрај се влеговме со добра волја и оптимизам. Но, за жал кај ДУИ се појавија некои прашања кои ги одвратија да прават коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од разговорите со нив, а и од информациите кои ги добивме, доминираат најмалку две покрупни прашања.
Првото е поврзано со корпусот на национални прашања, каде што влегува новата платформа која ја предложија и бараните измени на законот за употреба на јазиците.
Второто е поврзано со нивните предизвици поврзани со наредните локални избори.
Покрај ова, од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека во нашата држава има повеќе партии кои имаат специфика прилично несвојствена за други држави во светот, а тоа е да бараат и да чекаат мислење од некој надворешен фактор за работи за кој вообичаено во земјите насекаде во светот не се очекува мислење за такви работи од надворешни фактори, или дури и не може да се замисли некој друг да се вмешува во носењето на одредени одлуки на партиите. ВМРО-ДПМНЕ многу ја почитува меѓународната заедница, секогаш со полна сериозност приоѓа кон анализа на ставовите и пораките што се испраќаат од нејзе, и ги земаме во предвид при носењето на одлуките, но и разграничуваме каде треба да се даде поголем тежински фактор на тие мислења, а каде и во кои случаи треба да се даде помал тежински фактор при носењето на одлуката. Тоа го правиме во склад со праксата која ја имаат и другите политички партии во Европа и низ демократскиот свет, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ, при што беше истакнато дека сепак секој си одлучува за својот начин за работење и секој сам има право да одлучи како ќе носи одлуки и како ќе одлучува во иднина.
Францускиот амбасадор подвлече дека тоа не е нешто што не е познато на Балканот. Во француската традиција е да се почитува независноста на државите и затоа ние се обидуваме колку што е можно помалку да се мешаме во внатрешните работи, изјави амбасадорот.
Од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека понудената платформа е еден обид за репреговарање на Охридскиот Рамковен договор на мала врата. Партиите во Македонија многу одамна се договорија и го повторивме тоа, а истото го повтори и меѓународната заедница дека не треба да има репреговарање на Охридскиот рамковен договор и ако се репреговара сите страни на маса ќе извадат нови барања и тогаш се отвора пандорина кутија и не се гледа крајот. Цениме дека таков процес може да не однесе во погрешна насока бидејќи може и други етнички немнозински заедници во државата да понудат своја платформа бидејќи оваа што ДУИ и другите албански партии ја создадоа во некои други држави е само заАлбанците. И на крајот може и мнозинската заедница, поточно македонската, да направи своја нова платформа и да ја постави како услов за сега и за во иднина, што ќе биде причина за нови проблеми и прегрупирања, така што не прифативме разговор базиран на една национална платформа и сметаме дека тој што ги убедил ДУИ да тргнат по еден ваков пат им направил ,,мечкина услуга,, , истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до законот за употреба на јазиците од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека Македонија е една неколкуте земји кои подобро стојат во Европа во правец на давање на слободи, можности и права на помалите заедници да ги користат своите јазици што се овозможи и пред и по склучувањето на рамковниот договор во Охрид во 2001-та. Во разговорите со ДУИ се согласивме да разговараме за евентуални унапредувања поврзани со општините каде што над 20 проценти се од некоја различна етничка заедница од мнозинската, при што се развија идеи кој ќе беа од корист и за албанската и за останатите етнички заедници во општините каде се 20 осто.
За ВМРО-ДПМНЕ се многу значајни Аалбанците во Македонија, но исто така се многу значајни и Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и останатите, и наша обврска е да се грижиме за сите.
Инсистирањето на ДУИ беше за двојазичност на цела територија што цениме дека не е согласно уставот ниту има логика која е во склад со реалноста на терен. Тие се преставници на заедница која е значителен процент, 25 осто, но сепак мнозинската заедница е 65-66 осто македонци и о сиот почит кон абанската аеднца и граѓани, сепак преголема е разликата за целосно да се изедначи користењето на јазикот. Втор значаен момент е што албанците во Македонија се главно коцнетрирани во северозападниот дел на Македонија, а двојазичноста на целата територија освен политички ќе создаде и економски проблеми, но и потенцијал за проблеми на многу граѓани во секојдневниот живот. За многу други работи што се поврзани со човекови права најдовме одредени добри идеи кои што значително ќе помогнеа и кај албанците и кај останатите заедници кои живеат во Макадонија. Ние од наша страна тргнавме со максимално добра волја, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
На состанокот меѓу останатото од ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека ДУИ во разговорите за коалицирање се води и од анализите за наредните локални избори. На минатите локални избори беше сериозен предизвик ДУИ да победи во одредени за нив стратешки општини и добро се сеќаваме на улогата на ВМРО-ДПМНЕ на тие избори во одредени општини во поглед на дадената поддршка, но тоа сепак е работа на ДУИ. Ќе дојдат локалните избори и ќе се види дали им била добра проценката, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата беше истакнато дека со оглед на актуелниот распоред на сили дури и да се формира Влада ќе биде многу тешко таа да биде функционална во смисла на реформи и многу тешко ќе биде да биде долготрајна. Од тој апсект ВМРО-ДПМНЕ има и искуство. Затоа сметаме дека е добро уште еднаш да се даде шанса во период од два, два и пол месеци од сега, можеби заедно со локалните да има нови парламентарни избори. Можеби некој ќе прокоментира дека тоа е губење на време, но за ВМРО-ДПМНЕ тоа е најкусото време кое што може да се загуби во однос на тоа што со актуелната состојба може да се случи да се загубат 6 месеци, година или подолг период на криза, заглавени институции и континуирана политичка тензија во земјата.
Францускиот амбасадор посочи дека и тоа е можност, но тоа е прашање за кое треба да одлучат сите политички партии. Она што загрижува е стабилноста. Неопходно е и националните македонски партии на долгорочен план заеднички да ги решаваат работите, затоа што поделбата која постои помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е преголема, а има голем број на предизвици…
Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека напуштањето на принципот за коалицирање на победникот кај македонците од изборите со партијата победник кај албанците, за што силно инсистираше ДУИ да се практикува, вклучително и преку испраќање на јавни апели, сега во ситуација кога на овие избори тие имаат поголема одлучувачка важност како политичка партија, доколку сега се прекрши принципот тоа ќе биде неповратен процес што можеби кракторочно не ни одговара, но долгорочно ќе ни одговара, и во тој случај нема да одговара на другите етнички заедници, особено албанците и албанските партии.
Францускиот амбасадор запраша дали во ВМРО-ДПМНЕ се смета дека Ахмети е искрен во тоа што го кажува во политиката, на што беше одговорено дека неговата искреност и мудрост сега се на многу сериозен тест.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека во последно време од некои страни се даваат идеи за широка влада. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека формирањето на широките коалиии во Македонија, е проверен рецепт за неуспех.
На средбата се разменија информации и за одредени проекти со кои Франција помогнала или сака да помогне на Република Макеоднија.