Средба Мицкоски-Кошта во Минхен: ЕУ мора да го вреднува вистинскиот начин

На средбата, која се одржува на маргините на Михенската безбедносна конференција каде се собираат политички лидери од светот, македонскиот премиер истакна дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Минхен оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

„На средбата се разговараше за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата конечно да се отворат вратите на ЕУ.

Мицкоски посочи дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу“, наведуваат од Владата.

„На тој план Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува на вистинскиот начин, а тоа е преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочил дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители. Исто така, премиерот истакна дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование.

Средбата се одржува на маргините на Михенската безбедносна конференција каде се собираат политички лидери од светот и каде ќе се дискутира за важни европски и светски предизвици. Свое обраќање ќе има и македонскиот премиер.