![grubi bezak](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/grubi-bezak.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, пратеникот Артан Груби, во вторникот во Собранието на Република Македонија, оствари средба со амбасадорот на Словакија во Македонија, Мартин Безак.
Груби и амбасадорот Безак разговараа околу новата создадена ситуација во земјата, членството на земјата во евроатланските структури, добрососедството, јазичната еднаквост и реформите.
Амбасадорот Безак ги подржува евроатланските аспирации на Македонија и изрази заинтересираност за да го помогне нашиот пат кон ЕУ и НАТО.
Пратеникот Груби го извести амбасадорот Безак околу едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ, како основ за системските реформи.
Груби ги покани словачките власти да помогнат во отстранување на условувањето на препораката за почеток на преговорите и да го помогнат нашиот пат кон НАТО.
Груби и Безак, исто така, дискутираа и за начинот на меѓусебниот придонес и словачката поддршка за реформите, како и за Законот за јазикот