Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив” утре во 12 часот ќе се одржи трибина на Македонското политиколошко друштво, на која за значајните дела на светски познатите политиколози Габриел Олмонд, Семјуел Хантингтон и Хуан Линц свои искажувања ќе имаат проф. д-р Димитар Мирчев, проф. Ивица Боцевски и проф. д-р Цане Мојановски.
Исто така на трибината ќе стане збор за истражувачките прокети на Друштвото, за меѓународните комуникации и за политикологијата во Македонија како наука, професија и вокација. За овие прашања ќе говорат Зоран Илиевски, Ризван Сулејмани и Лидија Христова.