Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова ќе ја води денешната прва билатерална средба на македонско-косовската заедничка комисија за проектот „Заштита на реката Лепенец преку интегрирано управување со водни ресурси“.
Целта на состанокот е да се видат можностите за да се оформи заедничка експертска група за води и да се дефинираат насоките за понатамошните активности.
Проектот го реализира Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ), Канцеларија во Македонија, кој цели кон зајакнување на дијалогот при управување со прекугранични ресурси како клучна компонента во прекуграничната соработка.
МИА