Средба на Мицкоски со Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на ООН во Македонија

-Имав средба со Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации во земјава, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Се заблагодарив за активната улога на ОН во регионот и придонесот кој го има во постигнувањето на благосостојба. Изразив подготвеност за продлабочување на заедничката соработка и поддршка во постигнувањето на заедничките цели, пишува Мицкоски во својата објава.