Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Марија Петровиќ.
„Во текот на средбата со амбасадорката Петровиќ разговаравме за сите крупни капитални проекти што ги реализираме во нашата држава во делот на изградба и модернизација на патната и железничката мрежа, а кои се клучни за регионално поврзување, интензивирање на трговските размени и економски раст на целиот Регион. Република Македонија презема сериозни активности за модернизација на Пан-европските Коридори и во таа насока и понатаму ќе се движат сите наши инвестиции“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
На средбата се разговараше и за мерките и активностите што двете земји ги преземаат во насока на континуиран транспорт на стоки и патници, зголемување на меѓусебната трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.