Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба во четвртокот со амбасадорот на Италија во Република Македонија, Карло Ромео, во текот на која го информираше за реформите што ќе се спорведуваат во наредниот период во насока на зголемување на економскиот развој на Републука Македонија како и за проектите што се реализираат во делот на инфраструктурата.
На средбата посебен акцент се стави на претстојниот Самит на Западен Балкан, во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 12 јули во Трст. Овој Самит ќе го одбележи потпишувањето на Договорот за транспортна заедница помеѓу земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора) и Европската Унија.
Министерот изрази благодарност за досегашната поддршка што ја дава Италија кон Република Македонија и изрзи уверување дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина на едно повисоко ниво.
„Италија е долгогодишен партнер на Република Македонија. Изразувам благодарност за таквиот пријателски однос и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
И двајцата соговорници разменија мислења и околу актуелните состојби во двете земји.