![pendarovski-blazo-trendafilov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/pendarovski-blazo-trendafilov.jpg?resize=696%2C466&ssl=1)
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање и претставници на управата.
„На средбата се разговараше за тековната работа на управата и активностите во насока на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и напорите за натамошно зајакнување на сопствените кадровски и технички капацитети на оваа институција.
Претставниците на управата го информираа претседателот Пендаровски и за тековната соработка и координација меѓу сите институции вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам„, информираат од Кабинетот на претседателот.
На средбата се разговараше и за меѓународната и регионална соработка на управата, во насока на размена на информации и искуства.