
Во Скопје денеска се одржа седмата средба на работните групи од министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Бугарија во врска со консултациите по договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Како што соопштија од МНР, двете работни групи во конструктивна атмосфера разменија мислења и ставови за насоките и ги разгледаа елементите на текстот на идниот договор.
Договорено беше следната средба да се одржи во Софија.