Средба на Сараќини и МАР: Остварените резултати во 2013-та и очекувањата за следната година

Министерот за економија, Ваљон Сараќини, утре во Стопанска комора на Македонија ќе ја одржи завршната средба со претставници на Македонската асоцијација на рударството (МАР).

На оваа средба ќе се дискутира за остварените резултати во 2013 година на полето на минералните суровини и очекувањата и планирањата за 2014 година во овој значаен индустриски сектор.