Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации.
На средбата, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, координаторката на ОН, Дуџак, ја истакна одличната институционална соработка, на сите нивоа и области, во реализацијата на активностите и проектите поддржани од меѓународната организација, соопшѕо кабинетот на Сиљановска Давкова.
Претседателката изрази задоволство од исклучителниот придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните. Taa ги истакна приоритетите на својот мандат кои во голем дел се совпаѓаат со активностите на агенциите на Обединетите Нации кои се спроведуваат или се планираат во земјава.
Двете соговорнички разговараа за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети, меѓународните човекови права, обврските за родова еднаквост и Агендата 2030.