Денеска во посета на Граѓанскиот штаб беа студентите на кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сијановска Давкова.
Силјановска Давкова оствари кратка средба со нив од кои што доби поддршка за победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај, а и подарија и портрет кои самите тие го изработиле.
Истакна дека токму студентите се нејзина гордост и надеж како и дека младите се иднината на Македонија, а таа како професорка и идна претседателка ќе се потруди тие својата иднина да ја градат токму во својата земја, бидејќи како што рече таа, е секогаш на страната на младите.
-Студентите се мојата гордост и надеж. Денес од моите студенти Роми добив портрет кои тие го изработиле. Им благодарам од срце. Младите се иднината на Македонија, а јас секогаш сум била на нивна страна. Ги повикувам да застанат на моја страна, на страната за право и правда во Македонија, вели Силјановска Давкова.