![traj](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/05/traj.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со делегација од Комисијата за демократско партнерство од Конгресот на САД предводена од поранешниот конгресмен и долгогодишен пријател и поддржувач на Република Македонија во Американскиот конгрес Ерл Померој.
Како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, на средбата станало збор за меѓусебната долгогодишна поддршка и соработка меѓу македонскиот парламент и Комисијата за демократско партнерство од Конгресот на САД. Се разговарало и за проекти и можности за продлабочување на соработката, како и за развивање нови идеи од областа на демократско парламентарно работење.