Средба Ѓорѓиевски-Костовски: Скопје заслужува да биде метропола која ќе се носи рамо до рамо со европските и заедно ќе стигнеме до таа цел

„Срдечна средба и разговори за поубав град и општини со мојот драг колега и пријател, Дарко Костовски
🤝 Денеска во просториите на општина Бутел остварив средба со градоначалникот на општината, Дарко Костовски, каде што разговаравме за досегашната успешна работа изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје.
☝️Мора да нагласам дека, Дарко и неговиот тим се големи борци кои навистина го даваат својот максимум за поубава локална самоуправа и посреќни граѓани.
☝️Од она што го следам, можам да кажам дека влегоа буквално во секое населено место, ги решија децениските проблеми на жителите и денес Бутел е една општина со драстично сменета реалност на подобро.
🥳 Тоа се гледа и на терен и морам да им честитам.
🫡 И покрај сите опструкции од сега веќе поранешната централна власт и актуелната на град Скопје, Дарко и неговиот тим имаат највисок степен на реализација на проекти, повеќе од сите претходни раководства заедно.
🤝 Денес на средбата како претседател на ЗЕЛС отворив теми за тоа што треба дополнително да се реализира и да видиме како можеме да дојдеме до заеднички решенија.
👎 Она што најмногу недостига е непостоењето на слух од страна на град Скопје.
🫶 Се надевам дека во периодот што следи до следните избори, Дарко ќе најде сили да го реализира она за што се обврза, како што е проектот за мега парк на Христијан Тодоровски – Карпош, потоа чистењето на реката Серава итн.
🤝 Оваа средба е почеток на средбите со градоначалниците што во периодот што следува ќе се интензивираат се со цел да се најде решение за граѓаните на Скопје.
📍Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и изготвиме решенија за што побрзо решавање на истите бидејќи градот Скопје и општините не смеат да чекаат.
☝️Со новата централна власт, предводена од премиерот Hristijan Mickoski доаѓа подобро време за сите општини и игнорантскиот однос изминатите години заминува во минатото.
🗾 Градот Скопје и сите општини во Македонија ќе имаат вистински партнер во новата влада и реализација на многубројни проекти.
🤝 Градските проблеми ќе ги решаваме заедно, Скопје заслужува да биде метропола која ќе се носи рамо до рамо со европските и заедно ќе стигнеме до таа цел.
♥️ Благодарам на Дарко и неговиот тим за пријателското кафе и разговор, само сплотени можеме да направиме многу повеќе.
💙 Скопје заслужува да биде повторно горд град!“, објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил.