Средба со Гордана Михаилова Бошнаковска ќе се одржи утре во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје со почеток во 19 часот.
Во оваа пригода дваесетина поети ќе беседат и ќе читаат стихови од нејзината поетска книга „Слики“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје.
Гордана Михаилова Бошнаковска (Битола, 1940) е првата дама на современата македонска поезија. Автор е на стихозбирките: „Времето го нема“, „Писма“, „Влегување во Делта“, „Њујорксон“, „Нордиски љубовници“, „Планини од картонски кутии“, „Пораките на далечините“, „Толкување на морето“, „Докази“, „Допири суштини“ и „Мајките“. Нејзини творби се преведени на повеке странски јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата.