Потпретседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи Никола Попоски, оствари средба со амбасадорот Јоханес Хајндл.
Соговорниците, како што информираат од МНР, разговараа за европските перспективи на Република Македонија, политичкиот дијалог за надминување на тековната криза, што треба да резултира со спроведување на избори, како и за последиците за проширувањето на Евроската Унија по британскиот референдум за напуштање на Унијата.