На средбата, која се уште е во тек, двајцата министри ќе разговараат за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција и зајакнување на соработката во справувањето со заедничите предизвици како што е мигрантската криза. На средбата исто така ќе се разговара и за претстојниот состанок за мерките за градење доверба кој треба да се одржи на почетокот од наредната седмица во Скопје.
По денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, Попоски ќе има билатерална средба и со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов.