Војната во Сирија и референдумот за независност во Ирачки Курдистан беа во фокусот на разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган синоќа во Анкара.
И двајцата се согласија дека референдумот на Курдите во Ирак е нелегитимен и дека територијалниот интегритет на Ирак и на соседна Сирија мораат да бидат сочувани.
Според нив, регионалната влада на Курдистан мора да биде спречена да направи поголеми грешки.. Во однос на прашањето за Сирија, Путин оцени дека се постигнати услови за ставање крај на граѓанската војна во земјата.
Според него, конечниот пораз на терористите во Сирија е на повидок и со тоа се постигнати условите за враќање на сириските бегалци во земјата.