
Шефот на постојаната мисија на Република Македонија во НАТО, амбасадорот Мартин Треневски, денеска оствари средба со Врховниот командант на НАТО силите во Европа генерал Филип Бридлав – јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.
На средбата Амбасадорот Треневски уште еднаш ја потврди цврстата определба на Македонија за учество во мисијата пост 2014 година ,,одлучувачка поддршка“ во Авганистан, а информираше и за актуелните случувања во врска со единствената преостаната пречка со која се соочува земјава до полноправно членство во Алијансата – деценискиот спор со јужниот сосед.
Генералот Бридлав истакна дека високо го цени македонскиот придонес во операциите преземени од НАТО. Амбасадорот Треневски упати покана до Бридлав за посета на земјава и нејзините вооружени сили.