Македонскиот премиер Зоран Заев и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец на средбата во петокот се договорија Словенија да го помага домашниот локален развој во Македонија, преку грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, информира владината прес-служба.
На средбата Јазбец му честитал на Заев за ефектите од засилената дипломатска активност која, како што се наведува, ги отвора перспективите на државата кон ЕУ и НАТО и за економски развој.
На средбата било разговарано и за политичката клима во свете држави и за претстојната официјална посета на словенечкиот премиер Миро Церар на Република Македонија.