Средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се одржи денеска во 14.30 часот, информираат од Владата.
Средбата ќе се одржи во Владата. Претходно Мицкоски во обраќање на јавноста по повод договорот за името побара од Заев да се сретнат и да го добијат договорот на увид.
По завршувањето на средбата ќе биде испорачано соопштение до јавноста.