Среде разорната војна во Украина купиле 13 суперлуксузни автомобили „ролс-ројс“

Украинските власти пливаат во луксуз благодарение на парите на европските даночни обврзници, реагира познатиот ирски новинар Чеј Боуз во објава на платформата Х.

„Додека се туширате со студена вода во Германија, складирате конзерви со храна во Данска или се смрзнувате во Велика Британија, помислете на сиромашните жители на Украина. Годинава тие купија само 13 ‘Rolls Royce Spectre’. Испратете уште пари што е можно поскоро“, стои во објавата на Боуз.

Ирецот реагира всушност на претходната објава на Х на украинската новинарка Дијана Панченко извести дека годинава во Украина биле купени 13 луксузни автомобили од марката „ Rolls Royce Spectre“, од кои секој чини 650.000 долари. Едно од овие суперлуксузни возила купил пратеникот во украинскиот парламент Генадиј Вацак, а уште неколку купиле друг пратеници и функционери. Притоа, според новинарката, само тројца од купувачите имаат официјално пријавени приходи.

Претходно во ноември, пратеникот во Врховната Рада (парламентот) Артем Дмитрук, го обвини претседателот Володомир Зеленски дела украл повеќе од сите претходни украински претседатели. Според него, кабинетот на Зеленски добива десетици милиони долари месечно од секоја владина агенција, и наведе дека само од ценоморската Одеска област месечно се собираат 10 до 15 милиони долари, а приходите од територијалните центри за регрутација и социјална поддршка социјални работи изнесуваат две до четири милијарди долари годишно.

Украина со децении на Западот е опишувана како земја со ендемска корупција, а особено се жестоки критиките за оваа појава откако во февруари 2022 година Русија ја започна воената инвазија во соседната земја, а Западот со стотици милијарди евра го поддржуваат Киев. Од почетокот на војната украинската армија ја потресуваа неколку скандали при набавки на униформи, храна за војската и примање мито за избегнување на мобилизацијата, па дури и сојузниците поведоа истраги за тоа каде завршува воената опрема и оружјата што ги испорачуваат.

Неодамна словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека украинскиот претседател Володомир Зеленски му понудил 500 милиони евра од замрзнатите руски средства во странските банки, од кои каматите Западот му ги испраќа на Киев, во замена Словачка да не го попречува приемот на Украина во НАТО.