Професорката Билјана Ванковска, по синоќешното приведување на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на својот Фејсбук профил напиша дека влсата го потценува граѓанинот, кој „гледа и сфаќа за што се апси, а што се толерира и се остава без санкција“.
Имаа „бомби“, имаа(т) СЈО, имаат апсолутна власт подолго од година дена, и токму сега – среде скандалозни милионски афери, тендери, судир на интереси и субвенции (џипот им го простувам) – тие бараат притвор за Стевче Јакимовски, кој им беше и остана достапен сиот овој период. Но, тој отвори уста за референдумот, а на овие им треба де-фокус, па ајде ќе апсиме. Мислам дека го потценуваат граѓанинот, гледа тој и сфаќа за што се апси, а што се толерира и остава без санкција. Тоа со она момчето од Агенција за млади и за директорот на Јавна безбедност е само фрлање прашина в очи. На времето, професорот Војин Димитријевиќ објави извонредна книга со наслов „Страховлада“ – треба да се прочита одново, бидејќи овие владеат без легитимитет, ами со гола или прикриена репресија, изграње на картата на стравот (fearmongering) и со медиумска пропаганда, напиша професорката Ванковска.