Да беше лето, оваа вест за змиите во Битолско ќе беше сосема нормална, објави битолската телевизија Тера.
Но, среде зима да се појават змии, за кои знаеме дека топлите и жешките денови се идеални за нив, е тоа е вистинско чудо. Промената на климата освен што влијае на нашето здравје и расположение на човекот, таа го поремети и животинскиот свет. Деновиве, онаму каде што во зима вообичаено е најстудено, се појави долга змија.
Била метар и половина и се справиле со неа. Фотографирана е на територијата на општина Новаци.