Средношколци од Прилеп во изолација поради коронаинфекции во семејствата

Ситуацијата во прилепските училишта се оценува како стабилна. Има четворица средношколци, веднаш ставени во изолација, поради случаи на заболени во семејствата.

Досега осум родители, оправдано, побарале настава од дома за нивните деца, а над 700 гимназијалци наредните два месеца ќе имаат он-лајн настава поради градежни работи во училишната зграда.