
Расте бројот на претставки до Дирекцијата за заштита на лични податоци за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи и за нарушување на приватноста. Но исто така и голем број граѓани не се запознаени со политиките за приватност од страна на ученици, родители, наставници, индикативната употреба на говор на омраза на интернет, изнесување невистини во сајбер просторот од различни возрасти и националности…
Од вкупниот број на примени претставки, речиси 60 отсто се во насока на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. Најголема грижа на анкетираните ученици од скопските средни училишта е за тоа да не се објават содржини и фотографии без нивна согласност, а 38,5 отсто се грижат да не се отвори лажен профил на социјалните мрежи во нечие име, што значи дека сепак постои информацијата меѓу младите дека се отвораат лажни профили со цел да се наштети некому.
Испитаниците овие теми најмногу ги дискутирале со своите пријатели околу 51.5%, дури 26% со своите родители, а само 23% со своите наставници, додека пак 16% со никого не разговарале за овие теми што претставува своевиден ризик и знак прашање како и на кој начин да им се пристапи на учениците за што посеопфатна дискусија на темата.
Според истражувањето, 83 % од родителите веруваат дека децата се тие што треба да внимаваат на своите лични податоци. Но, затоа пак во најголем процент од оваа анализа, или 65 % од учениците пријавиле во Дирекција за заштита на личните податоци, а 25% од учениците сакаат да разговараат првично со своите родители на оваа тема доколку се соочат со злоупотреба на лични податоци и говор на омраза на интернет.
Учениците сами признаваат дека користат лажни профили, повеќе од 388 има само во едно средно училиште. Во најголем дел од испитаниците не објавуваат провокативни фотографии, но затоа пак интересен е фактот дека најголем процент добиваат такви фотографии со недолична содржина.