Наместо до 14 септември, наставата во средните училишта во Тетово и во Гостивар ќе се одвива онлајн до 20 септември, како една од мерките за спречување на ковид-19.
Од владината прес-служба соопштија дека Владата на денешната 106 седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и во Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука