Компромисот постигнат од страна на Сојузот е политички инструиран и неприфатлив, реагираат средношколците преку своето здружение Средношколски глас.
Нивната реакција ја пренесуваме интегрално во продолжение:
„Во текот на вчерашниот ден претседателот на Сојузот на Среднношколци објави дека постигнале договор со ВЛАСТА кој никако не е поволен за нас средношколците. Иако се претставија како гласот на сите средношколци, оваа одлука ја донесоа во затворен круг и без консултации со пошироката средношколска јавност. Договорот кој го постигнаа најверојатно по партиска наредба не е ништо освен дополнително потценување на средношколците. Се залагаа за кратење на испитите но ништо не се исполни. Новиот концепт не го намали материјалот или бројот на испитите. Останува прашањето СО КОЕ ПРАВО СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ ГО ПРИФАТИ ОВОЈ КОНЦЕПТ ВО ИМЕ НА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ???
Нашите барања се следни:
Да се намали бројот на испитите на 2 eкстерни и проектна задача. Да се организираат дополнителни часови за дообучување поради неквалитетната настава заради online наставата. Во текот на утрешниот ден преставници на Средношколски Глас до надлежните институции ќе поднесат барање за прием. Бараме во најкраток рок да не примат надлежните да разговараме за концепт кој ќе биде прифатлив за сите средношколци.
Ние средношколците нема да се откажеме од оваа битка, отпорот ќе почне со посериозен отпор доколку нашите барања не се исполнат!“