Средношколец бил прободен со нож вчера во центарот на Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 13 часот на автобуска станица на булеварот Крсте Мисирков, кај МАНУ. Тогаш 15-годишно момче од село Арачиново чекало автобус кога физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“.
Насилникот потоа извадил нож и два пати го пробол соселанецот во рамото и половината.
Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.