Американецот Мајкл Тејлор, во затвор во американската држава Мизури, чекал скоро 25 години за извршување на смртна казна поради злосторство кое што го извршил во 1989-та година.
Тој е осуден за киднапирање, силување и убиство на тинејџерка во Канзас сити.
На Тејлор му била вбризгана инјекција која што предизвикува смрт нешто по полноќ по локално време во Бон Тери и тој е четврти осуденик кој е погубен во таа американска држава во последните неколку месеци на овој начин.
Адвокатите на убиениот не успеале да го спречат извршувањето на смртна казна бидејќи се повикувале на „спорната“ инјекција која се прави во аптеки и предизвикува нехумана болка по нејзиното вбрузгување.
Властите навеле дека Тејлор на 22-ри март 1989-та година ја извлекол од автомобил 15-годишната Ен Харисон од нејзиниот автомобил на пат од училиште кон дома и заедно со уште еден маж, ја одвеле во нејзината куќа каде што ја силувале и ја избоделе до смрт.
Неговиот соучесник исто така е осуден на смртна казна и го чека нејзиното извршување.