Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу две возила во саботата утрото на автопатот А2 делница село Удово – село Марвинци, спроти село Јосифово.
Порталот Курир.мк, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека во несреќата учествувале две возила со српски национални ознаки, „тојота авенсис“ управувана од В.С. и „пежо 308“ кое го возел С.П.
Во несреќата на лице место животот го загубила 61-годишната Србинка Д.П., сопатничка во „пежото“. Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
На местото на несреќата сѐ уште трае полицискиот увид, а сообраќајот се пренасочува по локалниот пат.