Триесетгодишната Јелена Красиќ, новинарка од Нови Сад загина на саем за бродови во Кан за време на тест возење.
Несреќата се случила минатата сабота на 12. септември околу 19 часот на брегот на канскиот залив.
Во чамецот се наоѓала Јелена која била продуцент на емисијата „Наутика“, нејзиниот колега од Србија и Ренато, сопственик на компанијата која го произвела чамецот марка „kantijeri magacu“, пренесуваат странските медиуми. Според првите информации, тие во текот на тестирањето налетале на голем бран, а потоа следувал пеколот.