Учесниците на протестот на опозијциајта „Сите како еден – 1 од 5 милиони“, упатија во саботата во Белград барање до властите од кои бараат пристап до медиумите и договор за чесни избори, како и рамноправен удел на претствниците на власта и опозицијата во Регулаторното тело за електронските медиуми.
Најновиот во серијата на митинзите на српската опозиција пред Скупштината (парламентот) во Белград започна околу 15,30 часот, продолжи со протесна прошетка до зградата на владата, а поворката потоа повторно ќе се врати пред парламентот каде се очекува обраќање на челнциите на опозицијата.
На демонстрантите денесака им се се обраќаа претставници на културната и јавната сцена, а актерот Сергеј Трифунович, председател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) рече дека 227 годони бараат држќава и на улиците го бранат достоинството. „Ви се колнам, не нако како, но ова тука ќе запре. Ова ни е последната улица.“, рече Трифуновиќ.
Истакна дека „суштеството кое ќе се навикне на недостиг од слободат повеќе не е човек“. „Нашата задача е да го проширмие овој бран на слободата“, рече Трифуновиќ и порача дека „достоинството нема цена“. Актерот истакна и дека сака држава во која „сите се еднакви пред законот и во можностиет“, како и поради тоа треба да се бори и за оние кои се „заплашени и уценети“.
Пред почетокот на протестната поворка, од бината пред Скупштината беа прочитани барањата за формирање комисија од претставници од власта и од опозицијата која треба да ги утврди условите за чесни избори, што особено подразбира слободен пристап до медиумите, со нов состав на Регулаторното тело за електронските медиуми (РЕМ). Едно од барањата е иборот на технички и уредувачки тим на јавните телевизиски сервиси, Радио-телевизија Србија и Радио-телевизија Војводина.